Инстикт

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Инстикт

Пишување by Mickey on Сре Јан 30, 2008 7:50 pm

Основна движечка сила на секое живо битие. Ако не се лажам според
Хегеловата хипотеза тоа е Бог, супериорен дух, наизглед несвесен и
примитивен бидејќи е ограничен во материјата, во зависност од телото.
Животните, посебно дивите, подобро го следат од луѓето бидејќи само
него го имаат, немаат свест, освен некој незначаен минимум можеби.
Човекот поради свеста и знаењето повеќе постапува на основа на она што
го научил, кое во зависност од ситуацијата може да не биде нималку, или
делумно, или целосно поврзано со инстинктот. Дали умеете да го пратите
инстинктот, посебно во одредени поважни ситуации или постапувате
стереотипно - што е сигурно сигурно е? На пример сега брзо имав
интервју за работа и претходно размислував дали е добро да разговарам
по инстинкт, што ми дојде во даден момент, или да изрецитирам се што
мислам дека треба. Мислам дека постигнав нешто измеѓу. Интервјуто беше
добро во секој случај, ми беше и важно, или барем така мислам. Се
прашувам дали ако постапев исклучиво по инстинкт воопшто и ќе прозборев
со човекот или само ќе си седев и ќе се смешкав.
Можеби инстинктот далеку подобро од свеста знае што е подобро за мене а
тоа е можеби и да не ја добијам таа работа што мислам дека ми е важна!
Во тој случај од пусти страв... релативно успешно интервју.
Не е баш добро разработена темава, малку на брзина, помогнете ми малку. Фала.

Всушност, комбинацијата од инстинктот и свеста кај човекот се нарекува
интуиција, и оној со добро развиена интуиција се смета за емоционално
интелигентен, не дозволува мислите (емоциите) да му сметаат во
расудувањето. Ако тој има и висок коефициент на интелигенција сето тоа
му оди во плус, а обратно - висока интелигенција без интуиција е често
несмасен човек.

_________________




avatar
Mickey
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 476
Age : 30
Местолокација : Raccoon City
Job/hobbies : Learning
Humor : i hate admins
Registration date : 2008-01-19

Преглед на профилот на членот http://www.mkfun.net

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот